Господине Крсто Мукоски, објаснете и на македонската јавност како успеавте да се “СТЕКНЕТЕ” со факултетска диплома во една година и како успевавте да полагате и по неколку испити во еден ден?!

0
22341

Го споделувам текстов зошто ми е срам од пратеникот на моето родно место Вевчани. Уствари скоро на сите им е срам, ама го гласаат зошто имаат лични интереси од партијата зад него.
Реакција на обраќањето на пратеникот Крсто Мукоски

Следејќи го преносот од комисијата за политички систем помислевме дека за момент присуствуваме на некоја сцена на култната “топ листа надреалиста ”, каде што неписмените ги учат писмените, обвинетите ги судат судиите… Но за жал ова е трагичната реалност во нашата напатена земја.

Господине Крсто Мукоски, Вашето обраќање до Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева во собраниската комисија ни прозвуче како само еден силен крик на исплашено, мало човече, на кое ите како му гори под нозете. По незнам кој пат дојдовме до заклучок дека во оваа земја местата на испрашувачот и испрашуваниот се сменети, впрочем како што се помешани и многу други работи. Но, се надеваме дека оваа состојба за многу кратко време ќе се исправи, а Вие и таквите како Вас ќе седнат на местата кои впрочем и ги заслужуваат. Вие, криејќи се позади народот нормално како и секој “ГОЛЕМ ПАТРИОТ” кога ќе загусти, истакнавте дека сте должни да го направите ова поради народот што ве гласал, па од истите причини решивме и ние да ви се обратиме вам.

Г – дине Мукоски, иако ние итоа како како добро ги знаевмe вашите ” квалитети”. Вие реално истото ни го покажавте и докажавте во пракса, не само овие денови, туку сиве овие години наназат. Ни покажавте и докажавте дека не заслужувате да бидете тука во пратеничките клупи и затоа треба час по скоро, што би рекле Вие, да му се извините на народот што ве гласал и во најмала рака да си поднесете оставка. А ќе ви кажиме и зошто:

1. Објаснете и на македонската јавност, бидејќи на вевчанци им е веќе познато како успеавте да се “СТЕКНЕТЕ” со факултетска диплома во една година (патем на триесет и нешто години) и како тоа успевавте да полагате и по неколку испити во еден ден?!

2. Иако учествувавте во тепачка како пратеник во Вевчани, ја ЛАЖЕВТЕ и МАНИПУЛИРАВТЕ јавноста дека не сте биле присутни во истата тепачка на очиглед на десетици присутни сведоци.(за што впрочем имаше и судски спор)

3. Пред некого да обвинувате за злоупотреба на положба, погледнете се сабајле кога ќе станите во огледало (што би рекле вие) и ќе ви стане јаснодека Вие секој ден правите ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНТА ПОЛОЖБА И ДОЛЖНОСТ КОИ ВИ СЕ ДАДЕНИ од народот.

4. Господине Мукоски, бидејќи ние дебело ве плаќаме илјадници евра годишно за ваши плати и патни трошоци како да патувате со авион за Скопје, кога обичниот народ врзува крај со крај, должни сте и Вие да дадете отчет за вашиот имот. Знаеме вашиот одговор би бил : Јас имам поднесено анкетен лист. Но зошто тогаш во својот анкетен лист криевте дека немате возило а наплаќавте патни трошоци за истото, за по реакција та на новинарската фела пријавите возило Форд ка, иако нам тука ни е познато дека во својот двор имате ергела од неколку возила. Зошто криете од јавноста дека сте еден од сопствениците на коњичкиот клуб Св. Спас од Вевчани заедно со Вашиот побратим и бизнис партнер Цветко Грозданов?

5. Господине пртеник Крсто Мукоски и ние лично сакаме да дознаеме како Вашата и фирмата на вашиот брат, АТРИУМ ДОО за неколку години склучила договори само со АДСДП на вашиот побратим и бизнис партнер Цветко Грозданов во вредност од неколку милиони евра наши пари собрани од даноци?
Господине Мукоски да ги употребиме и зборовите на Вашиот голем другар и идол Амди Бајрам ,кој патем толку честосо воодушевување го цитирате: Зар не мислите дека со овие свои постапки си давате гол со пета?! И ако ова сево го проанализираме и констатираме (што би рекле пак Вие) Вие со вашето однесување сиве овие години наназат со вевчанци си играте мајтап. Вие господине Мукоски после сиве овие години како пратеник требаше да допринесете да во Вевчани се намали невработеност, да се отворат нови работни места, наместо да се грижите само за свое лично богатење и богатење на својата фамилија. Господине пратеник, кога тоа специјално јавно обвинителство ќе си ја заврши својата работа и кога криминалците ќе ги испрати каде што им е местото, Вашата доверба кај народот ќе е во рамките на статистичка грешка. И за крај господине Мукоски ве гледаме Вас и Вашите сопартијци многу нервозни во овој период па ќе завршиме со една ваша мудра изрека (иако беше лапсус) што ја кажавте од собраниската говорница која гласи: “ Кој како што си посеал така ќе си легне”. Ама прашањето е каде?

Фејсбук статус на Ранко Србакоски