ГОРДЕТО СЕ НАДЕВА ДА ПОБЕДИ И СИТЕ КРИМИНАЛЦИ ДА ГИ АМНЕСТИРА – Силјановска за апсењето на Јакимовски: Ќе ви снема политичари од опозицијата

0
202

Професорката и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, го коментира апсењето на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

„Како тргнавте со апсењата ќе нема политичари во опозиција…па од Ципрас ќе барате да ви прати“, пишува Силјановска на Твитер.

Јакимовски утринава беше уапсен заедно со уште неколку лица, поради истрага на Обвинитеслтвото за организиран криминал. Се сомничи за злоупотреба на службената положба и проневера на над еден милион евра.