ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ ОТКРИ ШОКАНТЕН ПОДАТОК : Инаетењето на ВМРО-ДПМНЕ за смената на ЈО, Марко Зврлевски не чинеше 250.000 евра народни пари!!!

0
2520

Седницата за разрешување на јавниот обвинител Зврлевски нè чинеше 250.000 евра. Четврт милион евра чинеше тоа што месец и пол ги гледавме пратеничките и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како се пресоблекуваат за настап на телевизија, како си прават фризури и како си ласкаат едни на други: „Почитувана колешке, во право сте колега, ви благодарам за репликата, фантастична забелешка, така е колешке, Господ да ни е на помош колега, многу сте во право колешке…“. напиша Горан Михајловски на својот портал СДК во неговата колумна ,,ЈАДЕЊЕ БУРЕК“.