ГОЛЕМ УСПЕХ НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ И ДИМИТРОВ : Грчки воени авиони ќе го чуваат македонското небо!

0
625

Военото воздухопловство на Грција ќе го преземат надзорот и заштитата на македонскиот воздушен простор, пишува грчкиот портал „Грик обзервер“.

Новиот грчки министер за одбрана Евангелос Апостолакис тоа ѝ го предложил на својата македонска колешка Радмила Шекеринска, а таа го обелоденила предлогот во интервју за Трет канал на државната телевизија на јужниот сосед (ЕРТ 3)

Грција веќе го чува небото над Албанија и Црна Гора.

Вицепремиерката додала дека, наспроти претходните влади во Скопје, сегашната се надева на поголема соработка со грчките одбранбени власти и најновиот развој посочува токму во овој правец.

Шекеринска, исто така, ги отфрлила наводите за зголемено влијание на Турција во рамките на македонските вооружени сили, со оглед на тоа што Преспански договор експлицитно забранувал такво нешто.

Во неодамнешно интервју во грчкиот печат Апостолакис ги потврди намерите на Атина да ја преземе реорганизацијата и модернизацијата на вооружените сили на северниот сосед. Наследникот на Панос Каменос истакна дека Преспански договор и пристапувањето на Македонија во НАТО ѝ овозможуваат на Грција да ја продлабочи соработката со вооружените сили и со одбранбената индустрија на соседната држава врз основа на реципроцитет.