Годзила, Кинг Конг и други чудовишта во еден филм

0
290

Студијата Warner Bros. и Legendary’s имаа одличен успех со возобновувањето на франшизата за Годзила во 2014 година. А сега целат на нешто поголемо и помонснтруозно – филм каде познатите Кинг Конг, Годзила и други епски чудовишта, ќе си ги пресметаат моќите.

pog7h1c

Според изворите, Кинг Конг и Годзила ќе живеат во истиот фиктивен универзум, а во 2020 година нивната битка ќе биде во центарот на филмот „Godzilla vs. Kong“. Ова би било втора борба на екраните на овие чудовишта, по „King Kong vs. Godzilla“ од 1962 година.

Покрај тоа што самата најава за борба меѓу овие култни чудовишта е возбудлива, многумина очнаа да шпекулираат и да се возбудуваат за третото и четвртото фиктивно чудовиште што би можело да се појави во овие филмови.

Што мислите за идејата, би сакале ли вие да видите филм со вакви епски битки?