ГЛЕЈТЕ ДО КАЈ МОЖЕ ДА СТИГНЕ ТЕХНОЛОГИЈАТА : ГМО мутирани кокошки ќе станат клучни во борба против рак

0
255

Генетски модифицирани кокошки можат да снесат јајца кои содржат супстанции кои го третираат артритисот и ракот. Овој метод на извлекување на лекови е 100 пати поевтин од нивното синтетичко производство, велат креаторите на новата раса кокошки.

Научниците, исто така, сметаат дека со време размерот на производството може да се зголеми и да достигне комерцијален потенцијал. Кокошките одгледувани за „лековити јајца”, не страдаат, туку напротив, живеат во прилично подобри услови од повеќето животни во фармите.

  • „Тие живеат во прилично големи кокошарници, се хранат редовно и се грижат од високо квалификувани професионалци. Од гледна точка на животните, работите не се различни од снесувањето на едно обично јајце”, вели д-р Херон, од биотехнолошка компанија Roslin Technologies.

Во минатото и други научници докажуваа дека геномодифицирани кози, зајаци и кокошки може да се користат за вадење на протеински лекови од млекото и јајцата.