(ВИДЕО) Гичевски : Се финишира улицата Ѓорче Петров, а во тек е реконструкција на Борис Сарафов, градиме по план

0
171
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, продолжува со реконструкција на најзначајните сообраќајници во градот.
 
Во општина Ѓорче Петров во моментов се реконструираат две клучни улици.
 
Започна реконтрукцијата на улицата Борис Сарафов, на потегот од крстосницата со улицата Македонска Војска до крстосницата со улицата Кузман Шапкарев, со вкупна должина од околу 1.700 метри.
 
Исотвремено, забрзано се работи на финиширање на улицата  Ѓорче Петров на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на Макпетрол, во должина од околу 1.500 метри.
 
Со реконструкцијата, целосно ќе биде реновиран западниот влез во главниот град.
Почитувани,
 
Градската власт преводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и општинската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски остануваат целосно фокусирани на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Ѓорче Петров.
 
Градиме по план!
 
Преку конкретни мерки и активности, секојдневно работиме во интерес на граѓаните и ги подобруваме секојдневните услови за живот.

Изјава за медиуми, Никола Гичевски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров