Геро, пак грешиш, постојат професии кои не се учат само на факултет, туку и преку пракса, како спорт, политика, бизнис, новинарство, ПР, за тоа треба и талент и пракса!

0
190

Геро со нова колумна во која пак се пресметува со владата и бара тој да кажува кој може а кој не може да се вработи во владата.

Притоа дели лекции дека секој требало да биде вработен според своето образование, и никако другачие.

Но тој заборава дека некои професии, како политика, новинарство, спорт, ПР, бизнис и слично, не треба по правило факултет за да бидеш добар, тие професии се учат и преку пракса и ако се има талент тогаш може да се биде одличен во тие бранши!

Тешко дека некој може да биде добар лекар, нуклеарен физичар, математичар без факултет, но некои професии бараат талент и пракса и упорност!

Да се потсетиме дека најголемите куртони во новинарството се со новинарски дипломи и потекнуваат од школата на МРТВ! Да не ги бројам сега сите…

А и повторно имаме двојни стандарди кај Геро, фрла со дрва и камења по ПР тимот на владата, а Љупчо Зиков кој требаше да биде во управен одбор на МЕПСО нема благе везе нити со енергетика нити со бизнис образование, колку што знам има земјоделски факултет, па Геро му даде целосна подршка кога требаше да стане еден од директорите на МЕПСО…

Изгледа главниот услов што треба да го имаш за Геро да те подржи е да му ги бидеш близок пријател и да му го лижеш газот, јавно или приватно.

Ако одиме по логиката на Геро, што бараат Заев и Рада во политика, едниот е економист а другиот електро-инженер?!

Целиот текст ќе може да го прочитате ОВДЕ

СПОДЕЛИ

НАПИШИ КОМЕНТАР