Геро, во цветната градина на СДСМ, ти си дива свиња која копа, рие, вришти, прди и сере, време е да си заминеш од таму!

0
423

Геро призна дека не бил цвеќе за мирисање. Но барал цветната градина на СДСМ да се одржува редовно, за да мириса добро и да изгледа добро.

Епа во таа цветна градина, Геро ти си дива свиња полудена аздисана која само рие, сере, прди и вреска! Мислам дека е конечно време да си заминеш од таму и да престанеш да се преставуваш како некаков заштитник на СДСМ и каузата на левицата.

Ти си само едно егоистичко суетно кењало кое додека се боревме со режимот само ширеше песимизам и скепса, а сега кога сме на власт шири паника и лажни вести и скандали.

И тогаш и сега тоа го правиш од чисто лични свои каприци и интереси, бараш СДСМ да имал свој Латас и тој Латас бараш да си ти.

Епа нема таква работа, СДСМ не се консултира со медиски фигури, се прават што ќе смислат тие на Бихачка, а со новинарите држат една фина дистанца, фини се со сите, но никој посебно не го земаат на таквото…

Не примаат закани, ултиматуми, не нарачуваат никакви медиски нарачки, и затоа никому ништо не должат, па затоа и не мора да се валкаат со газди на медиуми, уредници и новинари па да ги спасуваат од лајна ако овие зацапаат, а секој човек греши, па и новинарите, и особено медиските газди…

Тоа мислам дека е доста интересна поставеност на Бихачка, која на краток рок делува речиси самоубиствено, некогаш тоа го викам АНТИТАЛЕНТ ЗА МЕДИУМИ И ПР, но на долг рок сепак е добитна комбинација, и за СДСМ а и за новинарите.

Таа фина дистанца во која никој никому ништо не му должи ги прави подобри и СДСМ а и новинарите. СДСМ може комотно да оди некогаш своеглаво и упорно во некоја замисла без да има потреба да се објаснува за тоа со некакви умислени новинарски пера, од друга страна пак ние новинарите можеме слободно да ги рендаме, кога треба, без да се мислиме дали ќе ни се наљутат на Бихачка.

Е тоа Геро не може да го разбере, па се нешто плаче, кења, вришти, урла, рита, крши, рие, копа, прди, смрди, се нешто прави неподнослива галама и голема штета, но највеќе за себе.

Он не може да разбере дека СДСМ нити го мрази, нити го сака, нити го заменила со некој друг, нити некој му е закана, нити СДСМ има свој Латас, нити ќе има во брзо време, така што Геро може да биде спокоен, од никого не е загрозен, никој нема да му го земе местото, за сите има место на овој медиски мегдан, секој со својата публика и своите квалитети.

Нема нарачки, никој од СДСМ не нарачува текстови против Геро, ако нешто имало, имало само апели за да ги закопаме секирите, но и тие апели престанаа некаде 2015-та, кога сите сфатија дека овој наш дуел ќе трае вечно, додека едниот од нас двајцата не скине конци.

Саше Ивановски, уредник на порталот Мактел.Мк