ГЕРО ВО СВОЈ СТИЛ, ШИЗОФРЕНИЈА ДО ДАСКА : Бара од СДСМ да не оди на избори, а во исто време бара од СДСМ да не прифаќа уцени во собрание?!?!?!?!

0
330

Во своја најнова колумна, Геро во свој Алцхајмер стил, бара од СДСМ ем да не оди на избори каде би ја зголемила својата моќ во собрание за да не биде уценуван како досега, но во исто време бара од СДСМ да престане со разни политички зделки во собрание?!?!?!?!

Па како е ова можно бре ГЕРО ШИЗОФРЕНИЈО?!?!

Инаку очигледно е колку Геро е разочаран од успехот на Заев, па откако го немаше со денови да сподели каква и да било честитка и пофалба за успехот со амандманите, сега дури и горчливо забележува дека СДСМ претерало со триумфализмот?!?!

Па дури и го навредува пратеникот Мухамед Зекири, тој не бил достоен да биде кандидат за претседател?!?!

Изгледа најголем грев на Зекири е што е поранешен новинар, а ако Геро нешто не може да прости, тоа е колега од браншата да догура погоре од него, неговото фајтерство и амбиција во животот толку го пореметило што не може органски да свари да види некој колега на повисока позиција од себе, со месеци урла по Роберт Поповски во влада, сега Мухамед Зекири претседател, па Геро има да се разболи, има да легне на постела како болен Дојчин и нема да стане, пу пу скраја да е!