Генот е виновен зошто сакаме слатко

0
318

Канадските научници кај девојчињата откриле ген што ги прави неодоливи слатките и сладоледот. Генетичката структура е главен виновник за огромната желба за шеќер. Ова откритие може значително да придонесе во спречување на дебелината. 

Добрата страна на ова истражување е тоа што слатките даваат неверојатно уживање, а лоша секако е тоа што носи вишок килограми. Како што истакнаа овие научници, дебелината има јасни причинители, а тука спаѓаат и генетските предиспозиции, стресот и влијанието на околината.

Откриена е варијација во гените, која пресудно влијае на произведувањето на хормонот на задоволство – допамин. Истражувањето го водел професорот Мајкл Минеј од универзитетот „Мекџил“ од Монтреал со неговиот тим.

Учествувале 150 деца на возраст од четири години. Нивните мајки, кои биле дел од другата студија за постпородилна депресија, жалеле за лошите прехрамбени навики на нивните деца.

Кај девојчињата е забележан најголем број на варијацијата на генот што калоричните слатки ги прави највкусни намирници.

Според зборовите на лекарот Минеј, поради тој ген 4-годишните девојчиња достасуваат тежина карактеристична за 6-годишни деца.

„Наш следен чекор е да се издвојат загрозените деца и дебелината да се спречи во најраната фаза“, рече тој.