Гените на античките Македонци се пробудија: Петнаесетмина завршија во завои по концертот на Цеца во Штип

0
321

taijnstven-oligarh-prashta-helikopter-da-dokara-ceca-velichkovich-v-sofiq-265344_thumb_medium500_281

Петанесетина посетители на концертот на Цеца на Штипската Пастрмалијада во неделата завршиле со набиеници и гребаници. Двајца од нив завршиле на Ортопедија во Клиничката болница во Штип, пренесува „Канал77“.

Во првиот половина час кога почнал концерот на Цеца, пукнале две бетонски плочи со кои е покриен широкиот канал за канализација, што води во реката. Плочите се наоѓаат веднаш до големиот штанд лоциран до бината и се првото слободно место од каде може да се гледа програмата на сцената.

ceca_stip_kaj_postata__thumb_medium500_896

Веројатно плочите попуштиле од тежината на публиката. Каналот и денес стои отворен, со дупка од метари пол, додека плочите се преполовени по средина. Веднаш по инцидентот интервенирале екипи на Итната помош. Докторката Сања Накова им пружила помош на неколку од настраданите.

– Беа повредени 10-15 лица, на кои им пруживме помош, од кои тројца беа однесени со возилото на Итна медицинска помош во болница, каде беа хоспитализирани. Има со набиеница на скочен зглоб и со доста огреботини по цело тело, а во Итната медицинска помош помош побараа уште две лица со иста симптоматологија, изјави доктор Накова.

Повеќе на „Канал77“