ВРЕМЕ ЗА ОДМОРИ НА ДУДЛОВСКИ И БЕТМЕН ПУШИТ, ПРОТЕСТИТЕ СЕ ПРЕФРЛААТ НА ХАЛКИДИКИ : Нема веќе секојдневни протести на „За заедничка Македонија“

0
617

Движењето „За заедничка Македонија“ ќе ги менува своите активности кои отсега, па натаму нема да ги изразува само преку протести, туку и преку правна битка, објавија денеска на прес конференција лидерите на ова движење, Борис Дамовски и Богдан Илиевски.

Протестните маршеви кои досега ги одржуваа ќе ги редуцираат.

Тие најавија поднесување на иницијатива за оценување на уставноста на изборот на Талат Џафери како нов собраниски спикер.

Движењето „За заедничка Македонија“ ги организираше и протестите на 27 април, кога толпата влезе во Собранието и дел од неа ги тепаше пратениците и новинарите.