ВРВ НА ПИКАЊЕ ВО ТУЃ АНУС : Миле Ристески бацувал рака кај Јанкуловска за да го напикаат во МТВ

0
561

jankulovska-protogjer

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер

МП: Ало? Горде, кај си?
ГЈ: Еј, Мартин.
МП: Кај си Горде?
ГЈ: Дома.
МП: Аа. А бе што мислиш ти за оној Миле Ристески?
ГЈ: Кој беше тој?
МП: Од А1 што беше, МВР следеше мислам.
ГЈ: Ааа, Миле. А бе тоа добро чоече беше да ти кажам.
МП: Добро човече?
ГЈ: Само мислам дека беше западнат у лошо друштво.
МП: Сега сака да дојде до кај тебе, да баци рака и да влезе во МТВ.
ГЈ: Па не, види. Јас да ти кажам искрено пред да ја спукаме со А1, размислував пошто ми требаше…
МП: Јас знам дека ти добро стоеше со него…
ГЈ: …портпарол за СВР Скопје и јас мислев да…
МП: А за портпарол си го планирала.
ГЈ: …да му понудам на него. Ама он има само средно школо…
МП: Ааа, да, да.
ГЈ: И знаеш, со средно кај мене треба 12.000…
МП: Дали ти одговара да е во МТВ?
ГЈ: Да бе да.
МП: Да!? Готово, ќе им јавам.
ГЈ: Да. Да, да, одговара, мислам добро човече е.
МП: Пошто тебе те следи…
ГЈ: Да, да, да, сосема е океј.
МП:…со него да си ја фатите.
ГЈ: И нормално, сега друга уредувачка политика.
МП: Да де да. Добро.
ГЈ: Али не е некој егзибиционист, башка слуша вака што ќе му кажеш.
МП: Добро.
ГЈ: Нормално, кога таква му е уредувачката политика. Така да е сосема океј човечето.
МП: Важи, важи Гоцо.
ГЈ: О.К. Ајде, фала ти. Чао.
МП: Чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и (соговорник) Марјан Цветковски

ГЈ: Ало
МЦ: Ало?
ГЈ: Ее, здраво Марјан…
МЦ: Здраво, у гужва да не си?
ГЈ: Не на работа, уше малку влада имаме, па да видам нешо да подзавршам…
МЦ: И ја у 5 треба… у 5 треба и ја да дојдам таму…
ГЈ: …да бе да да завршам дур не сум отидена…
МЦ: Така да, абе Мартин ми се јави ама не знаеше името да ми го каже за…
ГЈ: Абее, за спортски новинар Ир…сеа Ирена Андреевска ама не знам дали…
МЦ: Ама Ирена Андреевска порано работеше у телевизија она…
ГЈ: А, не работи више кај вас?
МЦ: Нее, Ирена Андреевска не работи у МТВ веќе 6-7 години, затоа шо јас ја знам у Агенција за млади и спорт коа бев…
ГЈ: Да бе да, па ја знам дека работеше у МТВ долго време и сеа начула негде…
МЦ: Аха…
ГЈ: …дека ќе примате и се јави, ја знаеш…мислам пријатели сме со сопругот…
МЦ: Не она не е тука… Не не е тука, она сега не знам каде е…
ГЈ: Епа не знам да ти кажам ја…
МЦ: Ај слободно дај и мој телефон нека ми се јави па ќе се видиме ние…
ГЈ: Важи, ајде
МЦ: Ќе се видам ја со неа
ГЈ: Јас пошо знаеш, мислам нас ни е фактички мажот и другар ептен добар на Влатко
МЦ: Ако бе ако…
ГЈ: …од школо и сеа се јави он вчера и викам абе да прашам сеа да видам…
МЦ: Нека се јави, нека се јави…
ГЈ: Важи океј, фала ти многу…
МЦ: Нема проблем
ГЈ: Океј, ајде се гледаме после, чао чао
МЦ: Чао…