Во петок официјална промоција на новата политичка партија на Јове Кекеновски – Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ)

0
261

В петок, 16 октомври, со почеток во 12 часот, во хотелот „Александар палас“ во Скопје и официјално ќе биде формиран Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ), зад кој стои професорот Јове Кекеновски.

Во изјава за „Мета“, професор Кекеновски рече дека во групата иницијатори на новата политичка сила се повеќемина поранешни пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мета“ дознава дека во партијата се уште и поранешниот министер за образование, професорот Ненад Новковски, познати медицински експерти и професори, како доктор Дејан Ставриќ, стендап-комичарот Сашо Тасевски, кој најверојано ќе биде лицето задолжено за контакт со јавноста, и познати личности од други професии.

Дел од оваа иницијатива е и бизнименoт Труфун Костовски.

– Има луѓе од различни структури, со различни убедувања, но има и нешто што сите нас нè обединува. Имено, од сите мали или поголеми различности, најголемо е злото против кое мораме да се избориме – вели во изјава за „Мета“ професор Кекеновски.