Во овие земји алкохолот е забранет и може да ве чини живот

0
550

Во случај да сакате да се дружите со чашата, тогаш овие земји не се баш најдобро одредиште за вас. Од друга страна, сите они кои не се љубители на виски, коњак, вино и други фини работи тука може да се чувствуваат како во рај.

Доколку одите во овие земји бидете подготвени на ограничување на количината на алкохолни пијалоци, а исто така и на фактот дека некаде воопшто нема да можете да го конзумирате.

Индија

Многу индиски држави ја ограничија употребата и продажбата на алкохол, а последната која тоа го направи е Бихар, од ноември минатата година. Ограничувањето значи дека само некои продавници имаат дозвола да продаваат алкохол, а до 2017 година се планира и целосна забрана. Во градовите како што е Гујарат, туристите можат да добијат посебна дозвола за да можат да купуваат алкохол 30 дена, а на островот Лакадиви алкохолот е целосно забранет.

САД

Иако прохибицијата е укината повеќе од 80 години, во делимичен број окрузи и натаму на сила е забраната за точење и продажба на алкохол. Мисисипи има 36 такви окрузи, Аљаска 83, а Флорида 3. Интересно е како алкохолот е забранет и во округот Мур во државата Тенеси и покрај тоа што се работи за држава која го дала најпопуларниот бренд – Џен Дениелс.

Малдиви

На овие чаробни острови постои рестрикција што се одлесува до алкохолот. Забранет е во главниот град Мале и на сите острови каде нема ресорти, но во сите туристички места е дозволен, така да тука и нема некоја претерана грижа за љубителите на алкохолот.

ОАЕ

Додека во Емиратите алкохолот е широко достапен во хотелите, супермаркетите и одредени ресторани, строго е забрането да се пие или да се биде под дејство на алкохол на сите други јавни места, а некаде истиот е целосно забранет.

Брунеи

Продажбата и јавната конзумација се забранети, а туристите кои не се муслимани во земјата можат на секои 48 часа да внесат до две литри жесток пијалок или 12 лимекни пиво кои мора да ги пријават. Покрај сето тоа потребно е да се купи и дозвола за конзумирање.

Бангладеш

Во најсиромашната земја на светот продажбата на алкохолот е строго забранета, а пијалоџите можат да се нарачаат само од страна на туристи кои не се муслимани и тоа во посебно одредени хотели, ресторани и барови.

Пакистан

Оние кои не се муслимани можат да дојдат до алкохол, но се на се во неколку хотели со четири или пет ѕвездички кои се наоѓаат во големите градови. Поради тоа цвета црниот пазар, кој е причина и за многу смртни случаи во последните години со оглед дека се продава се и сешто.

Иран

Лицата кои не се од муслиманска вероисповед можат да внесат алкохол во земјата, но мора да го конзумираат приватно.

Либија

И покрај забраната, алкохолот може да се набави на црниот пазар. исто како и во Пакиста, алкохолот од црниот пазар предизвикал многу смртни случаи, а казните за почитување на овој закон се драконски.

Јемен

И тука на сила е забараната, но немуслиманите можат да внесат одредена количина пијалоци кои може да ги конзумираат, но исклучително приватно.

Кувајт

Во оваа држава алкохолот е достапен само во странските амбасади и никаде на друго место, а посебно не за општа употреба.