Вооружени групи во липковскиот регион, се спрема нов напад како тој од Гошинце?!

0
136

Вооружени сили и понатаму се движат и групират по селата во околината на Куманово и Липково. Според порталот на албански јазик „Журнал“ близок со ДУИ, овие вооружени се спремаат да извршат напад, посериозен од првиот кој се случи во Гошинце, Липковско. Полицијата ниту потврдила, ниту пак негирала за такво нешто.

pretresi-vo-malino-i-brest-najden-del-od-oruzhjeto-ukradeno-od-goshince-256511-620x330

Индикативно е што во исто време голем број полициски сили се стационирани во кумановско-липковскиот регион. На влез и излез од општина Ликпково, полицијата врши контрола над сите моторни возила кои се движат во тие насоки.

Жителите од овој регион алармират за големото присуство на полициските сили, кои ги контролират сите моторни визила. Слични полициски контроли се забележани и на влезот и излезот од Куманово. Полицијата за сега не дава официјална причина за големиот број на припадници на полицијата како и за деталните контроли на моторните возила.