Возилото во кое е пукано сопственост на Даниел Трајковски од Ѓорче Петров

0
3594

24 Вести дознава дека вечерва мета на нападот во Скопје беше Даниел Трајковски, еден од браќата близнаци од Ѓорче Петров.

Веста се уште не е официјално потврдена, но со сигурност се знае дека возилото Голф 5, сребрена боја е сопственост на Даниел.
Не се знаат мотивите за нападот, но не се исклучува некаква одмаздничка акција. Даниел Трајковски инаку, и досега во МВР пријавувал обид за напад врз него, а при последната пријава лани сведочел дека бил пресретнат од црн Пасат, од каде сакале да пукаат на него. Даниел моментално е на операција на скопските клиники.
Фото и извор 24 Вести