ВМРО ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА ШИРИ МАНИПУЛАЦИИ И СТРАВ, ТОА ШТО ВЛАДАТА ИМ ПОМАГА НА ЗАБОЛЕНИТЕ ОД ХИВ И СИДА ОНИ ГО ПРЕСТАВУВААТ КАКО НЕКАКВА ЗАБЕГАНОСТ НА ВЛАДАТА И ОПСЕДНАТОСТ СО КОНДОМИ И ЛУБРИКАНТИ?!?!

0
258

„Министерот за здравство Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти! Пред само неколку месеци, во октомври, владата набави 20.000 шишиња лубриканти. Сега преку министерството за здравство се набавуваат ни помалку ни повеќе 80.000 шишиња подмачкувачи. Цената која што сега Филипче ќе ја плати за кондомите „со номинален дијаметар 54-56 мм подмачкани со лубриканти, без мирис, без вкус и без боја“ се уште не е наведена. Понудата сеуште се чека“. Ова денеска на прес-конференција пред Министерството за здравство, го изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека „Ако во октомври владата набавила 20.000 шишиња лубриканти за невладино здружение  „Егал“, за кого и за што ли му требаат на Филипче набавува 80.000 лубриканти и 150.000 кондоми?“.

„Филипче и оваа власт се грижат само за лубриканти и кондоми. Ваква неодговорност, вакво самоволие и бесчуствителност е незапаметена. Филипче треба да даде одговор за сите скандали кои го тресат здравствениот систем, а на интервјуа не споредува со земји членки на ЕУ од кои сме светлосни години далеку. Министерот освен што допринесе да паднеме на дното на извештајот за „Најздрави нации во светот“, друго ништо не придонесе“ – рече Славева.