ВМРО-ДПМНЕ останува заштитник на криминалот, СДСМ пријавува незаконско работење и е партнер со земјоделците

0
199

ВМРО-ДПМНЕ  партијата симбол на лаги, невистини  и дезинформации продолжува во нивни познат стил да го штити криминалот.

За разлика од нив, СДСМ како одговорна партија, алармира и пријавува незаконско работење, без разлика дали извршителот на незаконските дејствија е член на Управен, Надзорен одбор или има каква било функција и е за бескомпромисна борба против криминалот.

Уште една од низата лаги пласирани во јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ е  дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не реагирало на известувањето од Сојузот на здружениjа на тутунопроизводители.

Напротив, вистината е  дека уште пред точно седум месеци, случајот бил пријавен до финансиската полиција од страна на тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Заврши времето кога партијата на власт е и полиција и суд и обвинителство.

Заврши и времето на притисоци, уцени, закани и манипулации кон земјоделците, заврши со заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Владата која ја предводи изгради  партнерски однос со земјоделците. Денес имаме неселективни  и навремени субвенции, како и исплатени заостанати долгови, насобрани со години.

Над 1 милион евра се исплатија на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби. А лозарите кои имаат развоен потенцијал веќе добиваат поголеми субвенции за 20% за одржување на нивните лозови насади. Преку мерката  млад земјоделец, ги охрабруваме младите земјоделци се занимваат со земјдоелство и да развиваат сопствен бизнис.

Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна. ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше земјоделците и земјоделството, а СДСМ работи во насока на негово унапредување и развој.