ВМРО-ДПМНЕ НА ВЕЧЕРАШНИОТ ЦЕНТРАЛЕН МИТИНГ ВО СКОПЈЕ ИЗВАДИ МНОГУ НАРОД, НО ТРАОРНА АТМОСФЕРА КАКО НА ПОГРЕБ!

0
794

Проферскиот стил на говор на Сиљановска, моментот во кој се наоѓаме каде ВМРО ДПМНЕ е на колена после 12 години дивеење, немањето реално за што да се енергизира народот одвен промената на името кое пак е готова работа и дополнително ги дитепува ВМРОВЦИТЕ, па сето тоа на куп направи да има една камерна гробна атмосфера на централниот митинг пред влада.

Штама, молк, збунетост, апатија царуваше насекаде каде и да завртеше камерата. Многу народ, ВМРО ДПМНЕ сеуште е голема мега партија, но далеку е од времето кога можеше да освојува по 450 000 гласови, нема да дотераат ниту до 300 000 овој пат!

Па и самиот бојкот кој е многу популарен во самата партија ќе придонесе оваа бројка да падне и на 250 000 гласови.