ВМРО-ДПМНЕ ги потврди своите анти-македонски идеологии

0
424

Вмро Дпмне искористила песна на Блаже Конески за својата политичка пропаганда во предизборието.

И не е тоа до толку страшно, колку што е очајно и дволично. Истиот тој Конески, кој што е многу повеќе од поет, основополжник на македонскиот современ јазик, модерен идентитет и култура, беше нарекуван со погрдни зборови од истите овие Вмро-Дпмне, како ‘џуџето од Небрегово’, ‘шеќерниот џелат’ и ‘без’рбетниот академик’. Со тоа и самата партија ги потврди своите анти-македонски идеологии, доведувајќи ја до знак прашалник автентичноста на македонскиот народ и култура, или попросто речено, како што веруваат и самите вмровци – дека Македонците се посрбени Бугари.

За да биде лудилото уште полудо, во предизборна кампања ја искористиле песната “Лажни пророци” на Конески. Песна која што е пишувана во 1989 година пред независноста на Македонија. Една визионерска песна во тоа време која ги предвидува мрачните времиња што ќе дојдат, односно овие нашиве десет последни и говори токму за нашиве властодршци кои ја (зло)употребиле песнава.

Како што вика и самиот Конески во една друга своја песна за овие ваквите ко вмро – “Залудно ги креваш рацете над глава.
Шмука и пече совеста”.

Фејсбук статус на Љуми Беќири