ВМРОВСКИ БУДАЛАШТИНИ ВО ДИЈАСПОРА, ОСТРЕЛИЈА, НЕ ПРЕСТАНУВААТ ДА ДИВЕАТ : ОВОЈ ПАТ СЕ ПРЕТЕРАА, ЌЕ МАВААТ СО ЈАЈЦА МАКЕДОНСКИ ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ ДОКОЛКУ ИЗЈАВАТ ДЕКА ДОАЃААТ ОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!

0
1907
Вие од каде сте, од Македонија или од Северна Македонија? – ова прашање му го поставиле наши иселеници во Австралија на познат музичар кој што неодамна најави свои гостувања во Сиднеј и Мелбурн со својот етно состав.
Оние уметници кои што доаѓаат од Македонија да одржат некој културен настан во Австралија, ќе бидат поддржани од иселениците, а пак оние кои доаѓаат од Северна Македонија ќе бидат бојкотирани, или пак ќе ги маваме со јајца – е честа порака од наши иселеници на социјалните мрежи, на групите посветени на иселениците и случувањата во дијаспората, но и упатени лично до дел од уметниците во изминатиот период.
Фолк пејачи, етно состави, културно – уметнички друштва и театри кои што имаа или пак најавија свои турнеји во Австралија се соочиле со големата поделеност помеѓу нашинците кои живеат таму, и велат дека уметниците ниту криви ниту должни, го извлекуваат подебелиот крај на стапот. Или сте патриоти, или сте предавници, е еден вид на мото кое е се позастапено помеѓу нашата дијаспора.
Таков случај имаше и вчера во Мелбурн, кога Мартин Вучиќ, директор на Националната установа Танец, ансамбл за народни игри и песни на Македонија, беше пресретнат од Саша Узунов, новинар од веб програма, и доби низа на прашања од типот дали е дојден да го убедува македонскиот народ да прифати бришење на македонскиот идентитет, дали Танец има политичка задача, следуваше и заклучок на репортерот дека Вучиќ се согласува со грчки и бугарски расизам против Македонците, обвинувања дека Бујар Османи е албански нео-нацист, на што Вучиќ одговори дека задачата на Танец е да го шири фолклорот и како репортерот е очигледно застанат во едно друго време.
https://www.youtube.com/watch?feature=youtu.be&v=8BdF-vpK-i4&fbclid=IwAR2Mpim2T–BsaQYFSa1IAjqpACrExHVapD77poWiTt36KC8wnZNYlftsu8&app=desktop
Заедно со него беше и фолк пејачката Сузана Спасовска, на која Узунов не и постави ниту едно прашање. Набргу потоа, Узунов го сподели видеото со разговорот со Вучиќ на Јутјуб, а истото беше споделено и во повеќе иселенички групи. Истото, предизвика доста поделени реакции помеѓу иселениците. Додека едни, на англиски јазик, или пак најчесто на лош македонски, со многу правописни грешки повикуваа на бојкот на сите уметници кои доаѓаат од Северна Македонија, но и упатија голем број на закани кон уметниците, голем број на иселеници порачаа да не се истура гневот врз уметниците кои што не се политичари и си ја извршуваат својата работа.
Музичарот Тоде Новачевски, сопруг на Маријана, позната по дуото Маријана и Росана, кој што се семејството долги години живее во Австралија, по повод состојбата со Танец јавно се огласи и им порача на нашинците во Австралија дека уметниците како Мартин Вучиќ и Сузана Спасовска го посветиле својот работен век на песните и ората, и дека тие не се политичари.
-Австралиски македонци! Љубовта кон Македонија и народот од кој со гордост потекнуваме сите ние треба да е безусловна! Песните кои ги изведува Танец не се политика, туку се уметност на највисоко ниво! Без тие песни и ора, сите ние кои се колнеме дека сме горди Македонци, би биле се друго, ама најмалку тоа во што се колнеме. Имајте на ум дека Мартин, Дарко, Сузана и сите други изведувачи имаат исто потекло и иста крв, иста љубов кон најубавата земја на светот, а не се политичари, туку уметници – порача Новачевски.
Освен во Австралија, и во Канада помеѓу нашинците владее слична состојба на поделеност, и посебно на нетрпение кон уметници за кои дел од иселениците тврдат дека се предавници. Минатиот месец беше актуелен повикот на бојкот на театарската претсава ,,Партија реми” која требаше да се игра во Торонто на 4-ти октомври, бидејќи, како што појаснуваа, организаторот Гоце Бурзевски бил поддржувач на Владата на премиерот Зоран Заев, учествувал во Шарената револуција и бил гостин на приемите на Талат Џафери и Џес Бејли.
-Дали на 4-ти октомври ќе ја поддржите претставата чијшто главен организатор е осведочениот поддржувач на Владата на Зоран Заев, активен учесник во Шарената Револуција, почесен гостин на приемите кај Талат Џафери и Џес Бејли, горд промотор на СЈО? Требаат ли уште повеќе докази? Вие сте на потег! За Македонија ли сте или за Северџанија?- пишуваа дел од иселениците, напаѓајќи го и актерот од претставата, Ѓокица Лукаревски, кој е татко на Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи.
-Факт е дека многу од нас не биле во Македонија откако се отселиле, некои семејства дури и по 40 години немаат стапнато на македонско тло, некои си одат на одмор еднаш во пет години, ретките еднаш годишно. Немаме право да се мешаме во политиките на Македонија и да ги осудуваме луѓето кои останале да живеат таму со месечни плати од 250 евра – пишуваат некои од иселениците на интернет групите на нашите здруженија во странство.
Извор : Фокус