ВМРОВСКИТЕ КРАДОНАЧАЛНИЦИ НЕМА ДА ГИ ДОЧЕКААТ ИЗБОРИТЕ НА СЛОБОДА: МВР поднесе кривична пријава против Арсенчо Алексовски и уште две други лица

0
1896

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Драган Ристовски, Арсенчо Алексовски и Борче Стојчевски, сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 5 во врска со став 1 и 2 во врска со член 22 и член 45 од Кривичниот Законик на Република Македонија, информираше МВР.

Во периодот од февруари 2014 година до 10.06.2017 година, пријавените со неизвршување на својата службена должност овозможиле на родители на ученици од ул. „Единство“ и место викано „Лепојки“ во Крива Паланка  да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 277.120 денари. 

Во наведениот период Драган Ристовски во својство на директор на ООУ “Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка и Арсенчо Алексовски во својство на градоначалник на општина Крива Паланка, и Борче Стојчевски во својство на претседавач на Советот на општина Крива Паланка по претходно спроведена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка (превоз на ученици), склучиле Договор со избраниот најповолен понудувач АД “Пролетер“ од с.Конопница, кривопаланечко, во кој било предвидено квалитативна контрола на училишниот превоз да врши набавувачот -Општина Крива Паланка, преку Овластено лице од директорот на ООУ„Јоаким Крчовски“ Крива Паланка и преку овластен инспектор за патен сообраќај, како и од Комисија формирана од членови на Општина Крива Паланка и претставници од образовните установи.

Од страна на пријавените не било постапено согласно договорот. Не била формирана ниту една Комисија, не била извршена ниту една контрола, не бил назначен инспектор за патен сообраќај, не бил изготвен ниту еден Записник, иако превозот на ученици се одвивал без да бидат исполнети законските услови – местото на живеење на учениците не им е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште т.е. живееле поблиску и користеле бесплатен превоз. Пријавените со неизвршување на својата службена должност овозможиле родителите на учениците од  Ул.„Единство“  и место викано „Лепојки“ во Крива Паланка да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од околу 277.120 денари, за кој што износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија, информираат од МВР.