ВЛАТЧЕ ЕВЕ УШТЕ ЕДНА ШАЈКА ЗАКОВАНА – Премиерот Заев на пуштање на пречистителна станица во Кочани : Во Брегалница ќе тече чиста вода

0
1623

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на пригодната свеченост по повод пуштањето во употреба на пречистителната станица за отпадни води во Кочани.

Премиерот Заев во своето обраќање на свеченоста, на која присуствуваа и амбасадорката на Швајцарија во нашата земја Сибил Сутер Тејада, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Кочани Николчо Илијев, и други претставници на општината, истакна дека пречистителната станица за отпадни води во Кочани е една од најголемите инвестиции во Кочани во последните 50 години, и воедно најголемата донација на Одделот за економска соработка и развој на Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи SECO во Северна Македонија вредна 21 милион швајцарски франци.