Влатко Чингоски и Мартин Протогер договараат партиски вработувања во РЕК Битола: Гордана списоче едно сега ќе ти прати за вработување

0
676

protoger-cingoski

Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ Битола и пратеник, на прес конференција објави разговор за кој рече дека се меѓу Влатко Чингоски и Мартин Протогер за вработувања во РЕК Битола. Вработувањата, вели Ковачевски морале да бидат по препорака на партијата. Особено требало да се внимава на оние кои ќе работат на нуклеарната програма.

Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Мартин Протогер

МП: Ало

ВЧ: Ало

МП: Чинго шо праиш

ВЧ: Добар сум бе на работа ево имав сега ИФЦ сега состанок па чекам да ме викнат од Влада

МП: Да не те закача некој таму?

ВЧ: Не бе кој да ме закача

МП: Хахаха, слушај има некои вработувања таму 12 и ти сеа имаш одбрано некои 9 коишто не се по препорака на партија

ВЧ: Добро, 9 се вкупно.

МП: Па сакав да те замолам ако може овие партискиве, кадрова комисија да ти прати…

ВЧ: Значи вака, ние напраивме некои тестови Мартин овие се многу клучни места од кои двајца се тие што треба да работат за нуклеарна програма

МП: А кај е тоа нуклеарна програма Чинго?

ВЧ: Епа со Пешевски е тоа договорено и со премиерот значи имаме тоа што требаше да работи нуклеарна ќе работи кај нас затскриено за да можеме да го фатиме рокот да не изгубиме две три години

МП: Ај ти прими ги овие па тие понатаму ќе видиме со нуклеарнава како шо, ќе ти прати Гордана списоче едно сега

ВЧ: Мхм

МП: И така, може?

ВЧ: Ама види вака сеа застани. Може, ќе ги примам, ама …. треба да работат луѓето

МП: Ќе работат Чинго нашиве луѓе ќе си работат не се секирај ти, инженери, шо треба таму

ВЧ: Кај шо треба таму ама не работаат, тој шо едниот ми го пушти Славе тој вика да ја сум тука за возни редови за коли за резервни делови

МП: Кој е тој шо го пуштил Славе?

ВЧ: Па тој од како се вика… сеа ќе ти кажам од Социјалистичка партија некој

МП: Од Социјалистичка партија? Сме ветиле сеа, не може знаеш

ВЧ: Ама не може да биде за возен ред мене ми треба за диспечер горе

МП: Ама Чинго таква е работава сеа, знаеш ти сеа партија, не сме сеа од вчера

ВЧ: Ама знам ја ама…

МП: Партија е сеа, некоаш ќе примиш вика некоаш онака

ВЧ: 3 години чекам за овие 9 места. 3 години чекав за 9 места треба да зеам луѓе шо треба да ја работет работава, нека ми даат…

МП: Ќе ја работат работава ајде, не се секирај

ВЧ: Подобро дајте ми уше 9 места други, ќе ги запослам и тие 9 ама дајте ми квалитетни луѓе за ова шо треба да се работи

МП: Најквалитетни ќе најдам… ајде сеа ќе ти прати Горде списоче ти заврши ја работава па ќе се договориме, ајде.