Влада: По сообраќајката, Дац не може да извршува јавна функција

0
241

Секој мора да поднесе одговорност согласни законите, велат од Владата откако директорот на Македонски народен театар, Драган Спасов Дац, во пијана состојба вчера предизвикал сообраќајна несреќа, во која удрил 21-годишна девојка.

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, денеска за Фокус изјави дека лице кое сторило ваков тежок прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција.

-МВР и сите други органи ќе го истражат настанот детално и во најкус можен рок, а сите наоди ќе ѝ бидат презентирани на јавноста. Лице кое сторило ваков тежок прекршок и довело во опaсност друга личност, за среќа во случајот без сериозни последици по нејзиниот живот, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција. Ова е ставот на Владата на РМ – рече Бошњаковски.