Владата се задолжи за нови 7,3 милиони евра

0
147

Иако првично планираше да позајми 6,6 милиони евра, Министерството за финасии денеска се задолжи со 7,3 евра кај стопанството.

timthumb-6

Најголем купувач на денарските едногодишни обврзници беа фирмите. Тие откупија 63,3 отсто од вкупно понудените 5,5 милиони евра, соопшти Финасии.

Банките беа позаинтересирани за девизните обврзници и ја откупија целата емисија вредна 1,4 милиони евра.

Утре на Владата ѝ стасуваат за враќање 5,8 евра, долг направен по пазарот на државни записи и обврзници. Во септември годинава ѝ доспеваат за враќање 40,8 милиони евра, стои во извештаите на Министерството за финансии.