Владата донесе одлука за воведување пилот програма за сеопфатно сексуално образование

0
1081
Ја поздравуваме одлуката на Владата донесена на 162 седница за воведување пилот програма за сеопфатно сексуално образование во 9. степен на основното образование.

Ова е плод на двегодишната работа на работната група при Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Министерство за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за финансии и ХЕРА за идентификување на национални стратегии за подобрување на содржината на сексуалното образование во наставата.

Според најавата на Влада на Република Северна Македонија – пилотирањето, согласно Акцискиот план е предвидено да отпочне со реализација во 2021 година, откако претходно ќе бидат завршени сите планирани чекори: изработка на материјали за обука на наставниците, обука на наставниците и изработка и пилотирање на инструментите за евалуација на пилот програмата.

Резултатите од пилот проектот ќе овозможат подготовка на сеопфатен модел и план за воведување на сексуалното образование во училиштата согласно потребите на младите и реформите во образованиот систем.

Едвај чекаме!