ВЛАДАТА ДЕМАНТИРА ЛАГА НА ПЛУСИНФО И СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Уметници не си доделиле пари на себе, членувале во други комисии кои не одлучувале за нивните грантови!

0
183

Тенденциозни и неосновани се реакциите дека има конфликт на интереси при доделување финансиска поддршка од Министерството за култура за проекти на личности кои придонеле за културата и кои се докажани во својата професија, велат од Министерството за култура откако во јавноста пукна брука дека поединци сами на себе си доделувале народни пари за свои проекти.

Воопшто не се работи за конфликт на интереси, бидејќи членовите на комисиите не биле во позиција да одлучуваат за проектите во кои учествуваат, туку тие проекти биле оценувани од други комисии во сосема други дејности, тврди Министерството за култура.

Прозвани во јавноста се уметникот Тони Васиќ, историчарката на уметност Ивана Васева и новинарот Сашо Кокаланов, за кои има обвинувања дека ќе добијат пари од државата, иако биле членови на комисиите кои одлучувале кој ќе добие поддршка на конкурсот за проекти од национален интерес.

Министерството за култура во саботата ја објави годишната програма и детали за составот на комисиите кои одлучувале кому ќе му биде доделена државна помош, колку пари биле барани, а колку одобрени. На конкусрот што го објави Министерството за култура стасале 5.018 пријави, а биле поддржани повеќе од 50 отсто од апликациите. Од прегледот на резултатите на конкурсот објавени и на сајтот на Министерството за култура може да се види дека уметникот Тони Васиќ бил претседател на Комисијата која ги разгледувала предлозите во ликовната дејност, архитектура и дизајн заедно со членовите Нада Пешева и Наиле Дормиши.

Комисијата за меѓународна соработка и за соработка со УНЕСКО донела одлука на Васиќ да му се одобрат 58 илјади денари, сума што тој ја побарал, за проект во категоријата Меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО. Тој е еден од шестмината уметници кои ќе престојуваат во Ателјето Сите дез ар во Париз, Франција, како дел од проектот Париз-Меѓународен град на уметностите.

Ивана Васева, која исто така доби финасиска поддршка била член на друга комисија која ги разгледувала предлозите за категоријата, за меѓународна соработка и за соработка со УНЕСКО.

Васева која барала 622 илјади денари ќе добие 60 илјади денари, а е поддржана во категоријата за ликовна дејност, архитектура и дизајн – други корисници, со проектот со работен наслов „Случајности, пропуштени и невозможни вистини: колекцијата како отпор на постојаноста“. Проектот ќе биде претставен во Националната галерија на Македонија – Даут пашин амам.

Министерството за култура денеска на прашања на Плусинфо одговори дека не станува збор за конфликт на интереси и дека годинешната програмата овозможува простор за сите уметници и за сите манифестации што имаат повеќегодишна традиција.

– Имено, според член 63 став 3 од Законот за култура – Претседателот и членовите на комисиите, односно надворешните соработници доставуваат писмена изјава дека немаат судир на интереси во однос на пристигнатите пријави на годишните конкурси од членот 62 став (1) од овој закон. Сите претседатели и членови на комисии доставија такви изјави. Се работи за проекти што конкурирале во други дејности, а во кои овие истакнати културни работници и уметници, со долгогодишни кариери кои се одвиваат во континуитет се појавуваат како учесници. Во ниту еден случај тие самите не учествувале во носењето одлуки за проектите во кои тие самите учествуваат – вели Петрит Сарачини, портпарол на Министерството за култура.

За дел од тие што добија финасиска поддршка од Министерството за култура, надлежните тврдат дека , откако станале членови на комисиите ги повлекле -своите претходно поднесени пријави или учеството во проекти, а дел од нив се само еден од многу учесници во организација на проекти и настани со долгогодишна традиција што добиваат поддршка од Министерството во континуитет.

– На пример, С. Кокаланов, член на комисијата за издавачка дејност, објасни дека аплицирал со книга драми, но откако се согласи да биде во комисијата, ја повлече пријавата поради судир на интереси, а за проектот на Филип Херин, точно е дека се согласил да направи драматизација на романот на Ѕвездан Георгиевски пред да знае дека ќе биде во комисија за издаваштво. Средствата на конкурс ги добила продукцијата, а Кокаланов ја извести јавноста дека таа ќе треба да ангажира друг драматург на проектот – вели Сарачини.

Правото на учество во конкурси е уставно гарантирано право. Ние не смееме било кому да му го одземеме тоа право, доколку за тоа не постои причина, додава Сарачини.

– Во вој случај, нема конфликт на интереси бидејќи членовите на комисиите не носеле одлуки за своите проекти, за нив било одлуките биле носени од сосем други комисии, па следствено на тоа Министерството нема право да донесува одлуки со кои би се дерогирале уставните права на граѓаните на еднаков пристап до можностите за поддршка што ги нуди Министерството. Уште еднаш сакаме јасно и недвосмислено да истакнеме – во програмата веќе не постои партиска, идеолошка или каква било друга негативна селекција. Програмата овозможува простор за сите уметници и за сите манифестации што имаат повеќегодишна традиција. Зад одлуките за неизбор стојат автономно конкурсните комисии и нивните образложенија за неисполнување на критериумите и потфрлање на квалитетот – вели портпаролот Сарачини.

Извор: Плусинфо