Вкусен пинџур по традиционален македонски рецепт

0
247

Македонија е земја која е позната по своите вкусни зимници, а на врвот на оваа листа се наоѓаат секако ајварот и пинџурот.

tradicionalna-zimnica-kkao-da-podgotvite-vkusen-pindzur-01

Традицијата на подготовка на вакви јадење датира многу одамна, а рецептите за тоа како да направите вкусен ајвар или пинџур се пренесувале од генерација на генерација.

Ако оваа есен решите да ги засукате ракавите и да подготвите некоја од овие традиционални зимници, во продолжение ви нудиме рецепт за вкусен пинџур.

Потребни состојки:

  • 3 kg црвени пиперки
  • 1,5 kg модри патлиџани
  • 1,5 kg домати
  • 150 g лук
  • 2 dl масло
  • 250 g лути пиперки
  • по 1 лажичка сол и шеќер

Подготовка:

1. Испечете ги пиперките, модрите патлиџани и доматите, излупете ги и сомелете ги во машина за месо.

2. Ставете го маслото да се згрее во големо тенџер, па додадете го мелениот зеленчук. Додадете ги солта, шеќерот и исечканиот лук. Оставете да се динстаат 10-15 минути. Пред самиот крај додадете ги лутите пиперки, кои претходно малку сте ги запекле, но внимавајте истите да не се распаднат, туку да останат цели.

3. Жешкиот пинџур ставете го во топли, стерилизирани тегли кои веднаш ќе ги затворите и ќе ги оставите превртени да отстојат преку ноќ додека не се изладат.

Извор : ЦрноБело

СПОДЕЛИ