Вистината за режимската прилепска економија: 62,2 проценти од вработените не се задоволни од платите кај странските инвеститори кој ги довлечка Грујо!

0
298

saem

Мнозинството вработени кај странските инвеститори (62,2 проценти) сметаат дека не се доволно платени. Истото мислење го делат и мнозинството граѓани (60,5 проценти), опфатени со анкетата за испитување на јавното мислење за странските директни инвестиции, што ја направи Здружението на млади аналитичари и истражувачи на репрезентативен примерок, јавува „Мета“.

– Ослободувањето од данокот на добивка за странските директни инвестиции не е оправдано според мнозинството, 52,6 проценти од граѓаните. Според работниот статус, ова мислење е најизразено кај сопствениците на приватни бизниси кои ги немаат овие поволности (70 проценти), како и кај вработените во приватниот сектор, (60,8 проценти) – вели Горан Мојаноски, кој ги презентираше резултатите од анкетата.

Тие не успеале да дојдат до податок колку државата им дава субвенции на странските инвеститори, поради затвореноста на институциите и недостапноста на тој податок.

Според професорот на Економскиот факултет, Владимир Филиповски, важно е да се пресмета колку државата ја чини отворањето на едно работно место, бидејќи сме мала економија што располага со ограничени јавни ресурси.

– Треба да се пресмета што би добиле доколку средствата се употребат за нешто друго – изјави Филиповски.

85,2 проценти од граѓаните сметаат дека македонските компании треба да ги уживаат истите поволности како компаниите во технолошко-индустриските зони.

Според бизнисменот Зоре Темелковски, граѓаните и бизнсот осиромашуваат заради субвенциите што им се даваат на странците.

– Тие инвеститори скокаат од една во друга земја, каде ги користат поволностите и со тоа го осиромашуваат стопанството. Па, од „Ван Хул“ признаа дека биле пред банкрот пред да отворат овде и со тоа излегува дека со нашите даноци ги спасивме од пропаѓање. Работната сила се искористува како во робовладетелско општество – додава Темелковски.

Македонија е претпоследна во регионот по странски инвестициии по жител.

До јуни тие изнесуваат 114 милиони евра и се 2 проценти од БДП, а според економистите, со овие бројки не може да се очекува висок пораст.

Извор: Мета