(ВИДЕО) YouTube каналот на актерот Џек Блек за 10 дена привлече 2 милиона следбеници

0
143

Познатиот актер, комичар и музичар Џек Блек е на сериозен пат да стане нов миленик на публиката на „Јутјуб“ – популарната платформа за објавување на видео-содржини.

Имено, пред само десетина дена тој направи свој канал под името Jablinski Games, најавувајќи го како нов проект во кој ќе игра видеоигри и ќе ги коментира истите, додавајќи дека неговиот син го убедил на тоа.

Реакцијата на овој негов потег беше неверојатна, па така без ниту едно објавено видео, освен воведното, за само една недела, Џек собрал еден милион претплатници, а набрзо потоа бројката се зголемила на 2,3 милиони.

Љубителите на оваа платформа коментираат дека ваков пораст на бројот на следбеници не успеал да оствари никој во историјата на „Јутјуб“.

За сега, Блек покрај воведното има само уште едне видео, во кое на публиката и се заблагодарува за првиот милион, со порака до следбениците дека повеќе ќе се гледаат во 2019 година.