(ВИДЕО) „10 минути“ со Лоренс Оер: Продолжување на преговорите е клуч за решавање на кризата

0
243

Продолжување на преговорите е клучот за излез од политичката блокада со која подолг период се соочува државата“, порача амбасадорката на Франција Лоренс Оер во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Оер ја поздрави одлуката на Претседателот Иванов за целосно повлекување на аболицијата и рече дека сега полесно може да се отвори дијалогот во рамките на договорот од Пржино.

„Што поскоро отпочнат преговорите, толку поизвесно е дека ќе се најде компромис за излез од политичката блокада“, рече Амбасадорката Оер во емисијата „10 минути.“ Со целосно повлекување на аболицијата од страна на Претседателот Иванов ни олесна на сите, рече Оер.

„Знаете, ни олесна на сите, затоа што тоа го баравме уште од 12-ти април. По долги седмици преговори и со политичките партнери и со правните експерти повторно оваа одлука беше разгледана и донесена. Да и сега ни е многу полесно на сите, затоа што сега може полесно да се отворат преговорите во рамките на Договорот од Пржино“, изјави таа.

На 4-ти јули во Фарнција се одржува Самитот на државите од Западен Балкан „Париз-Балкан 2016“ на која учествува делегација и од Македонија.

Овој Самит е многу важен затоа што ќе бидат претставени сите проекти кои се реализираат во државите, рече Оер и затоа според неа, дотогаш треба да се откочат преговорите.