(ВИДЕО) ШТО ЌЕ КАЖАТ ЗА ОВА ГОЛЕМИТЕ СРБОФИЛИ МИЛЕНКО, ЛАТАС И ЕФТОВ: Дачиќ си ја присвои Македонија – Голема грешка е што Србија не ја задржала оваа тероторија

0
508

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, во гостувањето на емисијата „Упитник“ која се емитува на српската национална телевизија покажа историска мапа во која целата територија на Македонија е во состав на Србија, додавајќи дека било голема грешка тоа што неговата земја не ја задржала оваа територија.

– Никола Пашиќ и Александар Караѓорѓевиќ плукнаа на ова. Го искинаа, и рекоа – не. Ние сакаме Југославија со нашите браќа Хрвати и Словенци. Тие сакаа Југославија само за да спасат некоја нивна територија која требаше да спадне под српска контрола, вели Дачиќ.

Тој објаснува дека Србија се протегала од денешната грчка граница на Македонија некаде до Белград, понудени биле територии кои денес се наоѓаат во Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Црна Гора. Она што прави разлика помеѓу српските територии и територијата на Македонија, е тоа што Македонија е исцртана со иста боја како Србија што имплицира на тоа дека на оваа територија живеел српски народ, според оваа мапа.

Дачиќ е познат по неговите иредентистички изјави, а неодамна најави дека ќе го повлече признавањето на уставното име на Република Македонија.