(ВИДЕО) ШОКАНТНА СТОРИЈА НА ТЕЛМА ЗА МАКЕДОНСКАТА КРОМИД ДИПЛОМАТИЈА : Сите скандали на македонската дипломатија на едно место, од кој најголеми скандали правел ШУПАКОТ Филип Петровски кој како генерален конзул на Македонија во САД еднаш завршил дури во болница каде сметката ја плаќала Македонија и тогашното МНР со кое раководела Илинка Митрева!

0
2530

FilipPetrovskiПартизирана или професионална дипломатија? Дали стопирањето на заминувањето на Александар Николовски за амбасадор во Брисел е крај на политиката на претходната влада која својата партиска агенда ја спроведуваше преку дипломатите блиски до нив. Кои скандали во последниве години ја тресеа македонската дипломатија? Дебатираат аналитичарот Сашо Клековски, претседател на синдикатот на МНР Сашко Тодоровски и Томислав Тунтев, член на собранисата Kомисија за надворешна политика.

  • Фуад Хасановиќ, поранешен македонски амбасадор во Катар е познат по скандалот со персоналот, кој остана без него поради неисплатени плати. Внатрешната ревизија покажала злоупотреба на Хасановиќ и олеснување на касата на амбасадата за 50 илјади американски долари.
  • Поранешната амбасадорка на Македонија во Хрватска, Даниела Караѓозова како шумарски инжењар магистер по туризам и бизнисмен која почна дипломатска кариера во советот на град Скопје па преку унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директорското место на аеродроми во Македонија слета во амбасадата во Загреб. Караѓозова беше уловена како го пере службеното возило пред зградата во која живее но и како позира пред службениот автомобил накитен за роденденот на нејзината ќерка.
  • Перо Стојановски како амбасадор на Македонија во Австралија за кусо време ги наруши односите со македонските исселеници а според документи од МНР тој ја олеснил касата на амбасадата за 40 илјади долари. Врвот на неговата дипломатска кариера беше судскиот спор со неговата љубовница која му го украде неговиот лаптоп па МНР мораше да ги менува безбедносните шифри и протоколи.
  • Ненад Шундовски амбасадор на Македонија во Москва, кој начекал одлична понуда за одмор кој ставил клуч на амбасадата и си заминал. Во образложението на МНР за неговото отповикување се вели дека Шундовски ја напуштил амбасадата на руската федерација без дозвола.
  • Игор Илиевски, амбасадор на Македонија во Чешка ја напуштил амбасадата и државата и прејде во илегала откако влезе во отворен конфликт со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за кој тврдеше дека сака да го ликвидира.
  • Шупакот и сега вечен дудлач за директорски места, Филип Петровски беше две години генерален конзул на Македонија во САД кој во тој период двапати заврши во болница по физички пресметки со македонски исселеници и со локално население. Во еден од тие инциденти тој е хоспитализиран а сметката за неговото лекување ја плаќа МНР каде тогашната министерка на МНР, Илинка Митрева веднаш за уши го враќа во Скопје.
  • Добринка Тасковска, амбасадорката во Хаг која има проблем со темпераментот е отповикана поради физичка пресметка со вработена во амбасадата.

Листата на македонската дипломатија е долга и широка, злоупотреба на пари, кражби, афери, љубовни проблеми и скандали, физички пресметки и аматеризам кое е само дел од срамот кој на Македонија и го нанесе новата генерација на Грујови дипломати.