(ВИДЕО) Шилегов: Уставниот судија Јосифовски има конфликт на интереси и треба да поднесе оставка‏

0
65

„Јован Јосифовски, судија во Уставен суд, исто како и Елена Гошева, претседателка на Уставниот суд, има конфликт на интереси и треба да поднесе оставка од функцијата.

Јосифовски и неговото семејство се партискои поврзани со ВМРО-ДПМНЕ“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Токму затоа тој не може да одлучува објективно, непристрасно и согласно законот, кога станува збор за изборни криминали на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори коисе предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.

Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Борис Јосифовски бил советник во Советот на општина Гази Баба, исто така од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова ја покажува директна партиска поврзаност на Јосифовски со ВМРО-ДПМНЕ.

Да имаше Јован Јосифовски морален, личен и професионален интегритет сам ќе поднесеше оставка или во најмала рака ќе се иземеше од одлучувањето по иницијативата којашто има за цел да го амнестира изборниот криминал на Никола Груевски.

Срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од изборниот криминал.

Интерес на сите граѓани, интерес на Република Македонија, е правда и владеење на правото.

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми.

Секој што го прекрши законот ќе одговара“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.