(ВИДЕО) Шилегов: Теарце ќе го потврди крајот на поделбите и криминалното владеење

0
253

Изјава за медиуми
Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ6
Теарце, 22.12.2016
Граѓаните на Теарце, како и граѓаните во Македонија заслужуваат подобар живот, заслужуваат живот во Македонија, заслужуваат живот во своите домови.

Овде во Теарце, граѓаните заслужуваат да имаат и канализација и современ водовод. Недозволиво е во 21век, овде во Теарце се уште да се користат септички јами.

Планот за живот во Македонија предвидува изградба на канализациона мрежа на целата територија на Општина Теарце, изградба и реконструкција на секундарната мрежа за водоснабдување, бидејќи и Теарце и цел долен полог кој е под Шара, се уште немаат питка вода за пиење.

Овде мора да се реконструираат селските патишта кои ги поврзуваат населените места, овде мора да се реконструира помошното игралиште кое беше уништено од страна на владејачката структура.

Граѓаните на Македонија, повеќе од 600 000, одбраа да стават крај на поделбите и на криминалнот владеење. Теарце ќе го потврди тоа во недела. Го враќаме животот во Теарце и Македонија. Граѓаните заслужуваат да имаат живот во Македонија.