(ВИДЕО) Шилегов: Правда ќе има, не може за четворица министри да има двојно повеќе анкетни листови, па и различни!

0
306

Прес конференција,
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 04.02.2017

Почитувани граѓани и претставници на медиумите,

Ова купче на анкетни листови за имотната состојба на само 4-ца функционери од ВМРО-ДПМНЕ само по себе говори во каков апсурд криминалната власт го доведе функционирањето на државата и на институциите.

И зошто премиерот и министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои станаа пратеници треба кривично да одговараат.

Емил Димитриев поднел два анкетни листа, еден како премиер, друг како пратеник. Канческа Милевска исто, во еден анкетен лист е министерка, во друг анкетен лист е пратеничка. Тие внимавале пријавената имотна состојба да им се совпаѓа во двата поднесени документа.

Најневнимателен бил Никола Поповски. Тој не само што поднел два анкетни листа, и како министер и како пратеник, туку не му се совпаѓа ни вредноста на пријавениот имот.

Министерот Поповски има стан во Брисел од 13 милиони и 800 илјади денари. Пратеникот Поповски има стан во Брисел од 14 милиони денари. Министерот Поповски има Ауди од 900 илјади денари. Пратеникот Поповски има Ауди од 860 илјади денари.

Сопругата на пратеник Поповски има за 10.000 евра поголеми заштеди во Белгија од сопругата на министерот Поповски. Исто така пратеникот Поповски има поголеми заштети од министерот Поповски во Стопанска банка, за 2.300 евра, има 100.000 денари на трансакциската сметка и има намален кредит.

Функционерите кои се и министри и пратеници си ги поднеле ваквите анкетни листови до Антикорупциската комисија, а што е уште поскандалозно, комисијата си молчи.

Во Изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека со денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата министер им престанува по сила на закон.

Ова што го направиле министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои се и пратеници, е кривично дело и затоа против нив поднесуваме кривични пријави и очекуваме сите налдежни институции соодветно да реагираат.

Граѓаните избраа правда и правична држава и такво општество ќе биде Република Македонија.

Никола Тодоров, министер Елизабета К. Милевска, министер Елизабета К.Милевска, пртеник Емил Димитриев, премиер Емил Димитриев, пратеник Никола Поповски, министер Никола Поповски, пратеник