(ВИДЕО) Шилегов: Власта во заминување свесно ги крши законите за да се богатат фирми и поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ!

0
62

Прес конференција
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 15.02.2017

Почитувани,

Власта во заминување ги крши законите за да може до последниот ден од мандатот да црпи средства од буџетот за сопствено богатење. Стотици граѓани не можат да ги добијат своите субвенции и стипендии бидејќи им е кажано дека техничката влада не смее да врши исплаќање на средства.

Одговорите од министерствата за земјоделие и образовени се идентични – не смеат да се исплаќаат средства бидејќи било спротивно на закон и затоа што станува збор за техничка влада.

Но, истиот тој закон не важи за одредени министерства како министерствата за одбрана и за здравство кои немаат проблем да плаќаат буџетски пари за извршување на јавни набавки. Од една страна се доделуват тендери, јавни набавки и се задолжува државата, а од друга страна имаме илјадници лица кои не можат да дојдат до парите кои им следуваат.

Ваквите двојни аршини јасно покажуваат дека власта во заминување свесно го крши законот за сметка на богатење на фирми и поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да се ставаат над законите само за да можат до последен ден да го оштетуваат буџетот.

Укажуваме дека никој не смее да се става над законите и дека и за овие, како и за сите останати злоупотреби ќе следува одговорност.

СПОДЕЛИ