(ВИДЕО) Шекеринска: Груби ги разби лагите за федерализација, се покажа стравот од конфискација

0
215

Носителката на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 5 предводена од СДСМ, Радмила Шекеринска, за време на денешниот престој во Битола изјави дека планот за живот во Македонија значи дека ќе има живот, ќе има шанси, ќе има правда за сите.radmila0312

На средбата со битолчани, а во пресрет на вечерашниот митинг на најголемата опозициска партија и коалициските партии, Шекеринска посочи дека програмата овозможува изградба на држава што ќе им припаѓа на сите и која секому нуди еднаква шанса за подобар живот.

– По 11 декември ќе обезбедиме правда за да има живот за сите. Минативе денови во вода паднаа тезите за федерализација и двојазичност, а ги демантираше Артан Груби од ДУИ – изјави Шекеринска.

Носителката на кандидатската листа за пратеници предводена од СДСМ, Радмила Шекеринска и кандидатите за пратеници Александар Кирацовски и Васко Ковачевски во битолските населби ја дистрибуираа програмата „За живот во Македонија“ врз принципот од врата до врата, остварија средби со повеќе здруженија на граѓани, а вечерва во Битола ќе го одржат централниот митинг за ИЕ 5.