(ВИДЕО) Шахпанска : Очекуваме во понеделник избор на новиот собраниски претседател, Груевски не смее од сопствениот страв да блокира!

0
130

Одговори на новинарски прашања:
Јагода Шахпаска, пратеничка и членка на Комисијата за здравство на СДСМ
Скопје, 25.03.2017

Медиуми: Дали ќе предложите кандидат за претседател на Собранието или ќе го поддржите кандидатот на ДУИ?

Шахпаска: Ние очекуваме во понеделник да продолжи конститутивната седница на која прво ќе се изберат претседател и членови на Комисијата за избори и именувања. На седницата треба да се избере и новиот собраниски спикер. Во понеделник ќе биде соопштено она што претставува договор на 67 пратеници од новото парламентарно мнозинство околу кадровското решение за нов претседател на Собранието.

Медиуми: Околу Клиничкиот центар, најавивте нов Клинички центар. Што значи тоа ако се знае дека во моментов е почната изградбата на новиот Клинички центар?

Шахпаска: Новиот Клинички центар ќе има и тој ќе го изгради новата Влада. Затоа повикуваме да престанат сите активности на власта во заминување која има само технички овластувања и која имаше цели 10 години да го реализира проектот за изградба на нов Клинички центар. Како што слушнавте првично беше најавен во 2012 година со почеток на работите во 2014 година, а пуштањето во употреба на новиот Клинички центар беше закажано за 2 февруари 2017 година. Ова спроведување на тендери во време кога има трансфер на власта, буди сомнение дека се работи за сомнителни и криминални активности, за кои ако се докаже дека се работи надвор од законот, ќе има и одговорност.

Медиуми: Како ја комнетирате изјавата на ВМРО-ДПМНЕ во која се вели дека ако СДСМ ја прифати албанската платформа, Македонија ќе оди кон федерализација?

Шахпаска: Тоа е само една од спиновите, лагите и манипулациите кои ги пласира ВМРО-ДПМНЕ, преку лидерот Груевски и неговите соработници. Тоа само зборува за нивниот страв од одење во затвор. Македонската јавност беше сведок на изјава која деновиве ја слушнавме од еден пратеник во Европскиот парламент кој заедно со Хан беше присутен во Македонија и кој кажа дека во средбата со Груевски, Груевски кажал дека ќе оди до крај затоа што не сакал да оди во затвор. Тоа зборува за нивниот страв затоа што ќе бидат соочени со казната која следува за криминалите кои ги направиле во десетгодишното владеење. Претседателот Зоран Заев од оваа говорница на прес конференција ја образложи програмата на новата реформска Влада која ќе претствува пат за решавање на она што се суштински проблеми во Македонија – подобрување на животот на граѓаните, развој на економијата, враќање на довербата во институциите и продолжување на европските и НАТО интеграции на Република Македонија.