(ВИДЕО) „Шарената револуција“ им порача на власта и полицијата: Имаме став наместо страв!

0
76

Неколку стотици граѓани денеска на протестот на „Шарената револуција“ со бојадисување на оградата на Владата, на зградата на Министерството за правда и на Собранието и порачаа на власта дека не се плашат од полициските сослушувања и снимања.

На протестот, кој се одржа под паролата „Став наместо страв“ говореа активистката Рената Јајоска и пратеничката на СДСМ, Лидија Димова.

 

– Ќе протестираме се додека нелегитимниот претседател не ја повлече аболицијата. Нема да дозволиме фикусот Иванов да биде давеничката сламка на Груевски. Нема да дозволиме од Република Македонија да направат Контрарепублика Македонија – рече Јајоска.

Пратеничката Димова порача дека власта, можеби, конечно ќе научи нешто од „информативните“ разговори. Таа говореше за корупцијата и за владата, која, како што рече, не само што краде, манипулира, туку и убива.

 

  Димова потсети на мистериозното самоубиство на новинарот Владо Таневски, кој во затвор се удави во кофа со вода, на убиството на Мартин Нешковски и на смртта на новинарот Никола Младенов.    

Извор : Мета