(ВИДЕО) ЧЕСТИТКИ ДО КИЛИ, ВО ЕМИСИЈАТА ,,ВО НЕДЕЛА ПОПЛАДНЕ” ПОТВРДИ ДЕКА ГО ИЗЛЕЧИЛ РАКОТ СО ПОМОШ НА МАРИХУАНА

0
119

По шест месеци конзумирање на ова масло сум подобар, не смеам да кажам од каде го набавувам зашто пак ќе свирам клавир во казнено-поправната установа – вели тој и негодува што марихуаната како лек не е дозволена во нашата земја.

kili

Патем додаде дека тој имал мисија на земајава.

-Јас ќе живеам до 2036 година. А за да можам добро да се чуствувам морам да го консумирам мојот лек кој овде е забранет. Затоа ќе заминам од државава.  Нажалост живееме во земја каде мојот лек кој ме спаси не е дозволен во Македонија. За да се доизлечам и да го завршам „Тајниот живот на Кирил Поп Христов“, позитивно, како што јас знам и умеам, ќе морам да се дислоцирам во друга земја, каде што тоа е дозволено, да се доисчистам, како не би правел проблем на нашата Македонија, која е во цутот на развојот, на убавината и благосостојбата на живеење во неа – вели тој.

Тој нагласува дека има луѓе преполни со љубов кон него, но и луѓе преполни со омраза кон него, што е многу подобро отколку сите да те сакаат или сите да те мразат.

СПОДЕЛИ