(ВИДЕО) ХУНТАТА НА КЛЕТИТЕ КОМУЊАРИ ВО ПРИЛЕП ЌЕ РЕНОВИРААТ ЦРКВИ ОТКАКО ГОЛЕМИТЕ СИНОВИ МАКЕДОНСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ 12 ГОДИНИ ГИ ЗАБОРАВИЛА!

0
364

Градоначалникот Илија Јованоски, директор на прилепскиот „Завод и Музеј“,
Благоја Атанасоски како и пратениците Кети Смилеска и Хари Локвенец,
денеска во присуство на намесникот на прилепското намесништво на МПЦ,

-Иницијативата што ја презема „Завод и музеј“-Прилеп е за поздравување.
Иако ние како Општина немаме надлежност, јас се радувам што се преземени
активности за конзервација и реставрација на овој иконостас којшто има
непроценливо богатство –рече градоначалникот Јованоски, којшто во детали
се интересираше за состојбата во која се наоѓа иконостасот што со години е
оставен на негрижа од претходните власти.

Директорот на НУ „Завод и Музеј“ –Прилеп, Благоја Атанасоски пак ги
демантираше наводите на митрополитот г. Петар, од пред два дена, дека за
лошата состојба на иконостасот во црквата „Свето Благовештение“ во
Прилеп е одговорно актуелното раководство на оваа институција.

-Иконостасот е оставен на негрижа веќе 30 години, кога беше извршена
последната интервенција т.н. фумигација. Како вработени во институцијата
укажувавме на сите претходни директори, дека нова интервенција е
неопходна. Нашата институција уште лани обезбеди средства со пренамена
за итна санација на иконостасот.Ја уверуваме јавноста дека проект е
изработен и го очекуваме решението од Министерството за култура за да почнеме со активностите,- порача денеска Благоја Атанасоски, директор на
„Завод и Музеј“-Прилеп.

Оштетувањата не се драстични, тие стојат веќе 20-30 години, состојбата не е
алармантна, според директорот Атанасоски.
Намесникот, отец Благоја Станкоски потврди дека состојбата не е аларманта,
но предупреди дека треба побрзо да се интервенира врз столбовите на
иконостасот. Тој изрази огромно незадоволство затоа што низ годините сите
барања упатени до надлежните за санација на проблемот, биле безуспешни.

„Години на ред, секоја година поднесувавме поднесок-барање за да влеземе
во приоритетната листа околу изработката на иконостасот,и постојано бевме
одбивани со изговор дека „сега е доцна, средствата се пренаменети за други
објекти“. Поднеси барање во „очи“ на истекот на годината, чекаме сред лето
да се реализира нашето барање, но добиваме одговор дека средствата
добиени од Министерството се многу мали, симболични, има поприоритетни
предмети, кон нив се насочени средствата и така повеќе од 20 години се
одолговлекуваше оваа постапка. Да не речам дека се разочаравме од односот
на тие власти таму. Ние сме секој ден соочени со критики на населението.
Оти народот гледа. Со градоначалникот веќе видовме дека црвојадината се
гледа.Убаво рече директорот состојбата со иконостасот не е можеби
алармантна, но носечките столбови коишто го крепат иконостасот се во
катастрофална состојба. Не е далеку денот кога со оваа голема висина, маса
што ја има, иконостасот може да падне кон народот, па да има и човечки
жртви“, изјави Благоја Станкоски, намесник на прилепската намесништво.

Пратеникот Хари Локвенец, смета дека проблемот со иконостасот е
исклучително важен и бара неодложно решение.

„Овој е исклучително важен проблем, дел од гордоста на граѓаните на Прилеп, на православните клерици во овој регион. Реалноста е дека изминатите години ништо не се случувало со еден ваков објект,и неговата внатрешност и ентериер, 12 години, македонската јавност е сведок на формалната поддршка што претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ја даваше на црквата, но суштински никаква помош. Стануваше збор за форми на поддршка, коишто не одеа во насока на суштинска поддршка и на црквата и на се она што подразбира заштита и реставрација на објектите на МПЦ-рече
пратеникот Локвенец.