(ВИДЕО) Христовски: Бев член на ВМРО – ДПМНЕ ама веќе не можев да трпам принуди да донесам по 10 луѓе за гласање

0
134

Владимир Христовски кој зборуваше на денешниот протестот пред Уставнот суд против одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали, се соочува со анонимни закани за својата безбедност и безбедноста на неговото семејство. Тој до пред година и половина бил член на ВМРО – ДПМНЕ, но неможејќи веќе да го поднесува теророт, како што вели самиот, се повлекол од УМС (Унија на млади сили), затоа што не можел да ги трпи принудите да донесе 10 луѓе што ќе гласаат за ВМРО – ДПМНЕ, јавува А1он.

– До пред една и пол година бев член на ВМРО – ДПМНЕ, имав пристапница, а членската книшка можеби се уште ми стои таму и пишав на статус на фб и тоа ги допре, дека јас, Владимир Христовски, како поранешен член на ВМРО – ДПМНЕ, јавно го замолувам претседателот на УМС во Велес, Катранџиев, доколку се уште има некои податоци во ДПМНЕ, да ми се избришат од две причини: Не сакам тоа да биде злоупотребено и не сакам моето име да биде дел од толку валкана партија – вели Христовски.

Тој раскажува како му нуделе и пари, и како му дале и пенкало и му рекле дека сите ќе гласаат со него и на пенкалото имало кругче со две точки и ќе знаеле ако има 10 кругчиња со две точки дека тие десет гласачи биле негови.

Христовски добил неколку заканувачки анонимни телефонски повици, а на прагот од свој дом добил и рачно испишана порака како „последна опомена пред црвен картон“.

ВИДЕОТО ОВДЕ