(ВИДЕО) ХОРОР ВИДЕО ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ВЕНЕЦУЕЛА КАДЕ ЛУЃЕ БЕГААТ ПО УЛИЦИ И ПРЕКУ АВТОМОБИЛИ ДА СПАСАТ ЖИВА ГЛАВА

0
660

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди северниот брег на Венецуела и ги потресе зградите сè до главниот град Каракас, објави американската геолошка агенција.

Властите изјавија дека нема информации за жртви или каква било материјална штета.

Земјотресот се случи во близина на градот Карупана и се почувствува и во соседна Колумбија кон исток и во близина на Тринидад и Тобаго и Сент Лусија на запад и на север.

По ужасниот земјотрес што  ја погоди оваа област, на социјалните мрежи кружат вознемирувачки снимки.

Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени, исто така, ја погоди областа на државата Вануату во Тихиот Океан, и исто така немаше вести за штети.

Ураганот „Лејн” денес зајакна на категоријата пет додека се движи кон Хаваи, каде што жителите се подготвуваат за опасни ветрови и поплави кога бурата ќе стигне на овој американски остров во наредните денови.

Експертите очекуваат центарот на невремето да помине многу близу до островот или над него.