(ВИДЕО) ХАОС ВО АНКАРА : Изрешетан рускиот амбасадор во Турција, убиецот е негов бодигард!

0
673

Убиецот извикувал гласно Алепо, Сирија, очигледно е дека нападот е одмазда за руските бомбардирања врз Алепо каде беа убиени стотици цивили овие денови!

Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов им подлегна на раните здобиени во напад со огнено оружје извршен денеска за време на отворање изложба на слики во Анкара. Уште три лица биле ранети во нападот со огнено оружје врз рускиот амбасадор во Анкара, јавија турски медиуми. Во зградата каде е изложбениот салон се уште трае пукотницата, јави Си-Ен-Ен Турк.

Турски специјалци го опколиле зградата. На местото на инцидентот пристигнал и министерот за внатрешнир аботи Сулејман Сојлу. Според Си-Ен-Ен Турк, напаѓачот влегол во зградата откако покажал полициска легитимација. Дел од медиумите во Турција јавуваат и дека напаѓачот е член на обезбедувањето на амбасадорот .

СПОДЕЛИ