(ВИДЕО) Фрчкоски: Амандманите на БЕСА се безобразни. Терминот „македонски“ во државјанството е една од главните придобивки на преспанскиот договор

0
139

Се бара техничка формулација за државјанството, што би била прифатлива и за БЕСА. По нивните закани дека нема да гласаат за уставните измени доколку во делот на државјанството не се избрише терминот „македонско“, премиерот денеска изјави дека, се разгледуваат можности, идентитетот да се задржи во државјанството за Македонците, но Албанците, Турците Србите и другите да не се почувствуваат обесправени.

Во член 1 од Договорот од Преспа, стои дека државјанството ќе биде македонско/државјанин на Република Северна Македонија. За професорот Љубомир Фрчковски, ова е една од главните придобивки на Договорот која нема шанси да не се урне, доколку се усвои амандманот на БЕСА. Негирањето на терминот „македонски“, вели, воопшто не е наивна работа, како што тие ја претставуваат.

За професорот е сосема погрешно и толкувањето на БЕСА, како што им се погрешни и амандманите.

Фрчковски  за Телма појаснува дека, расправата за амандманите од легалистички аспект не е спорна. Расправа, вели, е можна до последен момент, до пред самото гласање, како и преформулација на амандманите, доколку предлагачот прифати сугестии.