(ВИДЕО) Уште еден тендер за режимскиот куртон Сеад Кочан – Касапов: 620.000 евра за Трансмет без објавување на оглас

0
394

Советот на Општина Битола ја одобри одлуката со која фирмата Трансмет доби 620.000 евра за тендер со постапка со преговарање без објавување на оглас. Истиот се однесува на изнајмување на машини за чистење на реката Црна.

Парите во најголем дел ги обезбедила Владата на РМ, а целата постапка ја спровела Општина Новаци. Новаци, Битола и Могила учествувале со по 30.000 евра.

Советниците од опозицијата не ја гласаа одлуката бидејќи, како што рекоа, сметаат дека не може да ја гласаат финалната фаза, а пред тоа никој не ги консултирал за ништо. Опозицијата сметаше дека постапка без објавување на оглас е фактички договор во четири очи и истиот не може да добие зелено светло.
Во продолжение изјавата на советникот од ЛДП во Советот на Општина Битола Александар Касапов.